реклама
Телото се менува со возраста, а одредени намирници треба да се избегнуваат по 30-тата година од животот.
Факт е дека телото се менува со годините и дека она што можеби нè радувало во раните дваесетти ни предизвикува проблеми подоцна во животот, особено кога станува збор за здравјето и исхраната.
реклама
Кога ќе наполниме 30 години, многу работи се менуваат – вклучувајќи го и нашето мени, пренесува Индекс. Ви откриваме листа на намирници на кои најдобро би било да заборавите.
Коктели и пиво
реклама
Како што старееме, телото не реагира добро на алкохол. Исто така, сè потешко е да се одморите добро ноќе ако имате алкохол во вашиот систем. Иако можеби сте успеале да ја завршите работата со минимален сон во 20-тите, тоа не е случај во вашите 30-ти. Непроспиените ноќи водат до желба за јаглехидрати и шеќер следниот ден, што може да придонесе за дополнително зголемување на телесната тежина.
Освен тоа, алкохолот ја „цица“ влагата од кожата, што привремено ги прави брчките повидливи, а со текот на времето кожата ја губи еластичноста и се создаваат нови брчки.
реклама
Газирани пијалоци
Ако размислувате да основате семејство, гледајте ја содата како непријател. Газираните сокови се богати со бои, кои се примарен извор на додаден шеќер. Шеќерот не само што негативно влијае на овулацијата, туку е поврзан и со послаба подвижност на спермата – што може да го отежне зачнувањето.
Ароматизирани јогурти
Дали решивте да ги намалите слатките? Многу извори на шеќер се кријат во помалку очигледните намирници, како што се лебот, кечапот и – јогуртот со вкус. Да, ароматизираниот јогурт може да има шеќер колку и чинија сладолед.
Изгорено месо
Многу луѓе сакаат нивното месо да биде добро подготвено, но изгореното месо треба да се избегнува. Готвењето месо на скара, т.е. на отворен оган, може да произведе штетни хемикалии HCA и PAH.
Пецива и бел леб
Освен ако пецивото е цело зрно, прескокнете го. Телото ги претвора рафинираните јаглехидрати во шеќер, а потоа во гликоза. Гликозата е хранлива материја која го оштетува колагенот и другите протеини кои се борат против брчките.
Од друга страна, интегралните житарки помагаат да се одржи нивото на шеќер во крвта стабилно, што придонесува за одржување на тежината и губење на тежината.
Закуски без шеќер
Избегнувањето на токсините како вештачките засладувачи ќе му помогне на црниот дроб да работи поефикасно. За да го забрзате процесот на детоксикација, исклучете ја храната што содржи вештачки засладувачи, како што се гуми за џвакање, бонбони и грицки без шеќер.
Овошје и зеленчук со многу пестициди
Најпопуларните производи кои имаат најголеми количества пестициди се јаболката, јагодите, грозјето, целерот, праските, спанаќот, пиперките, краставиците и чери доматите.
Истражувачите откриле дека мажите кои консумираат најмногу пестициди преку храната имаат многу помалку подвижна сперма од мажите кои јаделе најмалку.
Маргарин
Тоа е честа состојка во колачите, а некои го користат и како намаз. Сепак, маргаринот е полн со транс-масти, кои се поврзани со срцеви заболувања и можат да го забрзаат процесот на стареење, бидејќи ја прават кожата почувствителна на УВ зрачење. Истражувањата исто така откриле дека консумирањето маргарин може да предизвика хронично воспаление, кое исто така може да го забрза создавањето на брчки.
Сосови за чипс
Ако не можете да јадете начос без сос, имаме лоши вести. Комерцијалните сосови кои се служат со чипс содржат вештачки бои, вкусови и адитиви. Дополнително, ознаката „со вкус на сирење“ значи дека не се направени со вистинско сирење. Кашкавалот подобро е сами да го исецкате, па стопете и послужете го.
Соја сос
Соја сосот во само една кафена лажичка содржи неверојатни 879 милиграми натриум. Тоа значи дека го дехидрира телото и во никој случај не е добар избор за кожата.
реклама