Функционерите за неколку дена ќе почнат да добиваат плати повисоки по околу 1000 евра, по одлуката на Уставниот суд, според која платите на функционерите можат да се зголемат за речиси 80 проценти, пишува Радио Слободна Европа.

Платите на функционерите се пресметуваат така што основицата се множи по одреден коефициент во зависност од функцијата. Законот за плати на функционери предвидува основицата да биде просечната плата од претходната година, но со години беше замрзната на пониско ниво. Судот на 21 март одлучи да го укине замрзнувањето, по што платите значително ќе се зголемат.

Највисоки плати од функционерите имаат претседателот на државата, на Собранието и на Владата. Законот предвидува тие да добиваат плата во висина на просечна плата од минатата година помножено со коефициент 4,5. Просечната бруто плата исплатена во 2022 е околу 47 илјади денари. На тоа се додава зголемување од половина процент за секоја година работен стаж.

Целиот текст на Радио Слободна Европа.