реклама
НОВ животински вид од семејството инсекти е откриен во областа Неретва и го добила името по оваа река, соопшти Центарот за животна средина во Босна и Херцеговина. За време на минатогодишното истражување на горниот тек на реката Неретва, откриен е инсект од редот Диптера кој го добил името Baeoura neretvaensis.
Во ова истражување учествувале 50 научници, а на тој простор е утврдено присуство на над 1.300 животински видови. Меѓу нив има осум видови кои се нови за науката, а првиот досега е потврден – Baeoura neretvaensis, додека останатите седум се уште чекаат официјална потврда.
реклама
Марија Ивковиќ, професорка на Катедрата за биологија на Универзитетот во Загреб, беше дел од тимот на научници кои открија нов животински вид.
„Тоа е вид кој се јавува во многу чисти и недопрени области на реката Неретва и во некои други локалитети на поширокиот Западен Балкан“, вели проф. Ивковиќ. Таа објасни дека овој вид е главно присутен во медитеранската област.
реклама
Владимир Топиќ, кој е координатор во Центарот за животна средина, изрази очекување дека поради биодиверзитетот и исклучителната чистота на водата, властите во Босна и Херцеговина горниот тек на реката Неретва ќе го прогласат за заштитено живеалиште. Центарот за животна средина во БиХ е непрофитна, невладина и непартиска организација на професионалци и активисти посветени на заштитата и подобрувањето на животната средина.
реклама