Министерката за одбрана на Република Австрија, Клаудија Танер, денеска престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Танер ќе биде пречекана од министерката за одбрана Славјанка Петровска со високи воени почести во Министерството за одбрана. 

Двете министерки ќе имаат средба по што ќе биде одржана заедничка прес-конференција, соопшти Министерството за одбрана.

Австриската министерка за одбрана ќе биде примена и од претседателот Стево Пендаровски.