ВМРО-ДПМНЕ и познатиот извор на лажни вести, Александар Николоски, се фокусирани на интензивно пласирање невистини и спинови околу стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10Д , реагираат оод владејачката СДСМ по обвинувањата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека 70 отсто странци ќе го градат Kоридорот 8, без работни дозволи.

„Не навлегуваме за скриените мотиви на Николоски и ВМРО-ДПМНЕ да пласираат невистини за стратешки проект и за реномирана американска компанија. Но Законот е јасен и Законот ги демантира лагите на Александар Николоски. Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 е донесен во 2021 година, а објавен во Службен весник на 16 јули истата година (број 163). Во член 11, став (3), односно во делот каде се регулира ангажманот за работници од дома и од странство јасно стои обврската стратешкиот партнер да користи најмалку 51 отсто од локални ресурси“, посочуваат од СДСМ.