Во договорот со „Бехтел и Енка“, конкретно во план 11, дефинирано е дека од вкупниот број на работници, 30 проценти ќе бидат домашни, а 70 отсто странци. Што значи дека 70 проценти од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци, открива потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за Фокус.