Нов земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала беше регистриран утрово во 4:22 часот на 74 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Земјотресот бил почувствуван од населението во Штип и околината, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 19.04.2023 година регистрираше земјотрес 74 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип“, стои во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.