Домат по цена од 250 денари по килограм, а грав од 350 денари се продава пред Велигден на зелените пазари низ земјата, пишува Фактор.мк

Ваквите цените опстојуваат и покрај владината мерка за нивно замрзнување. Одлуката не се почитува, па така и пиперките поминуваат со 250 денари, а краставиците достигнуваат и до 180 денари.

Во маркетите пак производите често ги нема,  иако се обврзани да продаваат 70 отсто од количината која ја имале во март.