Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите  8 Априлупати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.

– Почитувани сограѓани, Ромската заедница е нераскинлив дел од мултикултурниот мозаик на нашето општество и потребно е заеднички да продолжиме да ги следиме европските вредности за еднаквост и за почитување на фундаменталните права на сите граѓани подеднакво.

Со новата Стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030 година, имаме план за насочување на политиките на државата со цел заеднички да ги надминеме децениските проблеми.

Учеството на ромската заедница во сите општествени, културни и политички текови е нужно за градење праведно, демократско и мултиетничко општество. Сите ние, а особено носителите на функции, имаме генерациска одговорност да го подобриме квалитетот на животот на сите граѓани подеднакво.

Нека ни е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите! Bahtalo о 8. April sa e Romenge!, стои во честитката од претседателот Пендаровски.