Оваа недела на социјалните мрежи беа објавени тајни воени документи со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска пред планираната офанзива против руските сили, потврдија за „Њујорк тајмс“ високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Advertisements

Пентагон истражува кој би можел да стои зад обелоденетите документи кои се појавија на Твитер и Телеграм, апликација со повеќе од 500 милиони корисници која е широко користена во Русија. Аналитичарите велат дека документите се чини дека се изменети од нивниот оригинален формат. Во протечените верзии на документите проценките на САД за украинските жртви се претерани, а руските се потценети, велат аналитичари за „Њујорк тајмс“.

Модификациите укажуваат на можен обид за ширење дезинформации во режија на Москва, според аналитичарите. Но, објавувањето на дел од оригиналните документи, кои вклучуваат фотографии од графикони на очекуваните испораки на оружје, проценки на силата на баталјонот и други планови, претставуваат значаен безбедносен пропуст на американските разузнавачки служби, пишува весникот.

Претставниците на администрацијата на Бајден работат на отстранување на документите од социјалните мрежи.

„Свесни сме за извештаите за документи на социјалните мрежи, Пентагон истражува за што се работи“, изјави портпаролката на Пентагон Сабрина Синг за „Њујорк тајмс“.

Прикажи повеќе