Скандалите во светот на фудбалот на крајот на минатата и почетокот на оваа година не стивнуваат. По Јувентус и Манчестер Сити, сега и Барселона е на тапет. Каталонскиот гигант може да бара отштета од сто милиони евра од УЕФА, доколку клубот биде исклучен од Лигата на Шампионите.
Оваа сума доаѓа како проекција на на заработката на Барселона во Лигата на шампионите секоја сезона. Оваа бројка ги вклучува и штетите поврзани со спонзорство или приход од стока што клубот ќе ги загуби како резултат на одлуката на УЕФА. Јасно е дека УЕФА мора да почека со донесување на каква било одлука додека шпанските судови не се изјаснат за случајот на Негреира. Во спротивно, Барселона може да ја тужи УЕФА.
На десетти март, шпанското обвинителство поднесе обвинение против Барселона во врска со исплата на 7,3 милиони евра од клубот на поранешниот шеф на судскиот оддел, Енрикез Негреира./Gol.mk/