По убиството на 46-годишен жител на Арачиново утрово во казино во центарот на Скопје, полицијата успеала да уапси двајца роднини кои се поврзани со убиството и се осомничени како сторители, објави Телма.

Според извори на Телма, полицијата трага по уште едно лице од Скопје. Првичните информации се дека во казиното рано наутро избила кавга меѓу убиениот и другата група. Била поврзана со долгови кои ги имале меѓу себе.

На крај со пиштол е убиен 46-годишниот маж. Полиција е повикана веднаш, а двајца осомничени се приведени.