ВМРО-Народна партија ја поддржува иницијативата на премиерот Ковачевски да побара објаснување од МНР зошто нема паритетен однос и македонската национална телевизија да биде емитувана во соседна Бугарија.

Но, во исто време сакаме да прашаме зошто овој паритет не се бара и од соседна Србија. Имено, во моментов на македонските кабловски оператори има меѓу 30-40 телевизиски канали кои потекнуваат од нашиот северен сосед и во кои на мнозина од нив гледаме играни филмови и документарни емисии во кои окупацијата на Македонија се претставува како ослободување, стои во соопштението на партијата.

Од таму додаваат дека Северна Македонија мора да води принципиелна политика кон сите свои соседи ако сака да не го загрозува својот Евроатлантски пат.