Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не го криеше задоволството откако се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако го исфрли Ливерпул.
„Игравме и добро го контролиравме натпреварот. Не се браневме во низок блок и се трудевме да бидеме силни и сигурни на топката. Имавме шанси и бевме цврсти. “, рече Анчелоти.
Новинарите ги интересираше што разговарал италијанецот со Клоп пред натпреварот.
„Му кажав на Клоп дека пеналот за Сити против Лајпциг е луд. Им реков да внимаваат со тоа, бидејќи не е фудбалски да се добиваат такви пенали во Лигата на шампионите. Мислам дека никој не забележа, мислам дека дури ни Гвардиола не сфати дека пеналот е досуден во негова корист,“ објасни Анчелоти./Makfax/