Маратонката Илеана Полс-Бронет често на трките ги гледала колегите кои ја пијат водата од киселите краставички и решила да ја проба и таа иако помислата да го испие овој кисел пијалок била ужасна за неа.
Денес нејзиното име се поврзува со промоцијата на овој пијалок. А, своите аргументи ги поткрепува токму со резултатите од овој експеримент:
1 ден – била изненадена од вкусот.
2 ден – немала повеќе грчеви.
3 ден – се навикнала. Една чаша вода од краставичките за неа имала сосема нормален вкус, а почнала да пие по една пред вечерниот тренинг за да ги намали грчевите во мускулите.
4 ден – не почувствувала болка во мускулите. Значи, била во право.
5 ден – тренирала понапорно, а мускулите не ја болеле.
6 ден – сфатила дека нејзиниот здив не мириса на оцет
7 ден – експериментот бил успешен, а вкусот станал многу пријатен.
Според Џоана Вен, сертифициран онлајн тренер за слабеење со диплома по биолошки инженеринг сокот од корнишоните носи многу бенефиции за телото.
Сокот од кисели краставички стана популарен меѓу спортистите и поединците кои се свесни за здравјето поради неговата висока концентрација на електролити, првенствено натриум и калиум, кои можат да дејствуваат како рехидрататор и му помага на телото да ги замени есенцијалните минерали изгубени при прекумерна физичка активност или алкохол, вели таа.
Диететичарот Бри Бел, пак, вели дека постои важна забелешка за пиење на овој сок.
Нема начин да се каже точно колку сол добивате во сок од кисели краставички купен во продавница, бидејќи нутритивните информации на теглата само ви кажуваат колку има во самата . Затоа, ако одлучите да пиете сок од кисели краставички, почнете со 30 милилитри или помалку и видете како се чувствувате, советува диететичарот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.