Барселона е во потрага по напаѓач кој би можел долгорочно да го наследи Роберт Левандовски (34) откако тој ќе одлучи да го напушти клубот или да ја заврши кариерата. Како главен кандидат за тоа се издвојува Витор Роке, 18. годишниот напаѓач на бразилски Атлетико Паранаенсе.
Бразилскиот клуб за својот најголем талент постави цена од 40 милиони евра, што е далеку над она што Барселона може да го плати со оглед на нивните огромни финансиски проблеми. Како што пишува шпанскиот новинар Тони Хуанмарти, преговорите се уште траат, а Барселона сака да договори со бразилскиот клуб плаќањето да биде во неколку рати.
Иако е способен да на неколку пизиции во нападот, најдобрата позиција на Витор е центарфор, каде што може да го надополни недостатокот на сила со брзина и интелигентно движење и мирна реализација во завршницата./Makfax