Русија започна нов бран напади во Бахмут во изминатите 24 часа, соопшти украинската војска, а претседателот, Володимир Зеленски вети дека ќе ја зајакне одбраната на опколениот град. Од украинскиот генералштаб соопштија дека и покрај значителните загуби, Русија продолжува со обидите да го напаѓа Бахмут и неговата околина. Западни експерти велат дека ситуацијата во градот останува критична и оти украинските бранители се соочуваат со сè поголем притисок од руските платеници од групата Вагнер.

„На средбата со врховните команданти директно ги прашав како ја гледаат идната одбранбена операција во Бахмут. Дали да се повлечеме или да продолжиме да го браниме и зајакнеме градот. Тие одговорија: да не се повлекуваме, да се зајакнуваме. И овој став беше поддржан едногласно. Му реков на врховниот командант да најде соодветни сили за да им помогне на момците во Бахмут. Окупаторот убива само затоа што сме Украинци. Бахмут даде и дава еден од најголемите резултати за време на оваа војна, во текот на целата битка за Донбас“, рече Зеленски.

Прикажи повеќе