Вчера во хотелот Александар Палас се одржа Скопскиот економски форум каде се собраа политичките и економските лидери од речиси целиот Западен Балкан. На форумот се обрати и Христос Харпантидис, регионален потпретседател за кластерот за Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнл (PMI).
Грчката филијала на PMI, Папастратос минатата недела најави нова инвестиција од 200 милиони евра и дополнителни 300 нови работни места за зголемување на извозот. Харпантидис се осврна на последните инвестиции на Филип Морис и успешното партнерство Тутунски комбинат Прилеп.
„Постојано водиме политички и геополитички дискусии и интеракции. Во однос на економијата, енергијата, економскиот раст и инвестициите се многу важни елементи. Филип Морис значително и доследно инвестира во регионот. Минатата недела најавивме трет круг инвестиции во нашата фабрика во Грција. Почетната беше 300 милиони, уште 200 милиони во 2020 година и уште еден круг за следните две години, во вредност од уште 200 милиони. Ова очигледно има влијание врз вработувањето, со околу 300 нови работни места во Грција и поттик на грчкиот извоз. Позитивните ефекти во грчката економија имаат добра аналогија и во Македонија, каде преку нашата соработка со ТКП, исто така постојано инвестираме. Успеавме да задржиме 230 вработени и да го поддржиме тутунскиот бизнис во Македонија. Ова го покажа и неодамнешната потврда од премиерот дека 2022 година беше најдобрата година во тутунската индустрија досега и воопшто добра година за локалната економија“, истакна Харпантидис.
Тој нагласи и дека инвестициите одат рака под рака со комерцијалниот прогрес и регулаторниот напредок: „Преку нашето активирање на нови категории, помогнавме да се создаде кол-центарот „Телеперформанс“ во Македонија и да се вработат 60 луѓе, како и да привлечеме многумина да го користат нашиот центар. Ова е од суштинско значење за нашата индустрија, да препознае дека има подобри решенија и подобри производи кои на крајот можат да ги заменат цигарите, со подобри алтернативи. И Грција и Македонија, заедно со некои други земји во светот, имаат ваква прогресивна регулаторна средина која овозможува општеството да се развива понатаму“.
Харпантидис ја истакна важноста од примената на одржливиот развој со цел да се постигне одржлива иднина.
„Не можеме да зборуваме за вистински раст, без да станува збор за одржлив раст. Мора да ги земеме предвид климатските промени и климатската криза, па затоа наша одговорност е како организација, но и како општествен модел да работиме на одржлив начин. Како компанија имаме многу амбициозна цел, бидејќи сакаме да ги замениме цигарите и не можеме да имаме таква цел без да се грижиме за околината, општеството и луѓето со кои работиме. На тој фронт, поставивме многу агресивна цел и многу строга еколошка цел како PMI и по држави во однос на емисиите на јаглерод и самите фабриките. На пример, фабриката во Грција е јаглеродно неутрална од 2021 година и во наредните години сите фабрики во светот ќе бидат јаглеродно неутрални. Имаме многу агресивна цел во однос на општественото влијание, сите големи предизвици во општеството, Ковид кризата во многу земји и креиравме голем број програми и иницијативи, доста препознаени од локалните самоуправи. Истото се случува и со финансиската криза, присутни сме на сите места каде што општеството не повикува, во однос на владите, на многу начини сме приемчиви, за заложби за различност, инклузија и имаме многу строги цели за учество на жените на раководните функции“, потенцираше Харпантидис.