Бразилскиот фудбалер Данило, кој е член на Јувентус од 2019 година, денeс потпиша нов договор со „бјанконерите“ кој му гарантира престој во Торино до 2025 година.
Десниот бек ја оправда довербата на стручниот штаб, а во исто време ги освои и симпатиите на најверните навивачи на „Старата дама“. Тој досега има одиграно над 140 натпревари за Јувентус, од кои на повеќе од 120 беше во почетниот состав.
Оваа сезона Данило настапи на буквално сите мечеви и стана уште поцврст столб во солидната одбрана на Јувентус. 31-годишниот бразилец доби збогатен договор од торинскиот клуб и оваа информација сигурно ги радува сите поддржувачи на Јувентус.