Гевгелиската пекара Cake&Bake го зголеми производството на леб по цена од 33 денари. По еднодневната пауза, сопствениците на пекарата одлучија дека интересот на граѓаните е најважен, пишува Дојче Веле.
„Греота е да им скусиме леб на луѓето. Во оваа криза, кога лебот е основен за да се прехранат голем број семејства, ние одлучивме дека треба да продолжиме со работа и да го продаваме белиот леб по цена од 33 денари“, вели за ДВ, Велика Карагонова Созуер, сопственичка на пекарата.
Целата сторија на Дојче Веле