Заменик-министерот за одбрана во заминување Башким Хасани го обвини вицепремиерот Артан Груби, дека финансирал голем број портали за да прават вести во негова полза и да го оцрнат имиџот на политичките противници објавувајќи бројни клевети. Хасани во емсијата „200“ на Алсат, рече дека наместо да се шират лажни вести, многу подобро е овие пари да се дадат на инвалидите на ОНА.
„За жал, најголем дел од порталите се контролирани и финансирани од првиот вицепремиер, за тие портали за жал се издвојуваат многу финансиски средства, за да објавуваат вести за заштита на неправдата. Тие всушност го штитат Артан Груби наместо да се издвојат пари за инвалидите од војната или на младинскиот форум“, потенцира Башким Хасани, заменик министер за одбрана во заминување во емисијата „200.“