Илон Маск повторно е на врвот на листата на Блумберг за најбогати луѓе во светот.
Извршниот директор на Tesla беше соборен од првото место од Бернар Арно, извршен директор на конгломератот на француските луксузни брендови LVMH, минатиот декември, па Маск беше бр.2 на листата повеќе од два месеци.
Од понеделник, растот на акциите на Tesla го врати Маск на врвот на индексот на милијардери во реално време, пишува CNN.
Нетото богатство на Маск беше околу 187,1 милијарди долари по затворањето на пазарот во понеделникот, според Блумберг, надминувајќи го богатството на Арно од 185,3 милијарди долари.
Акциите на Tesla (TSLA) драстично паднаа минатата година поради проблематичното купување на Twitter од Маск и поширокиот пад на технолошкиот пазар, но оттогаш акциите на производителот на електрични возила се зголемија.
Маск ја носи титулата најбогат човек во светот, но го држи и рекордот за најголемо богатство што некој го изгубил во историјата.
Кон крајот на минатата година, Маск стана првиот човек кој загуби 200 милијарди долари, откако неговото нето богатство падна од околу 340 милијарди долари во ноември 2021 година на 137 милијарди долари во декември 2022 година.