Украинската професорка со македонски корени, беше меѓу стотиците Украинци кои спас од војната побараа во Македонија, објави Радио Слободна Европа.
Една година од почетокот на руската инвазија, таа е вратена назад во родниот Харкив. Лошото македонско образование, го победило стравот од бомбите.
Кога пред една година, Русија почна да фрла бомби во Украина, Стојана Семенова, Украинка со македонски корени, заедно со синот и мајката најде прибежиште во Македонија, во селото Негорци каде живеат нејзините роднини. Една година подоцна, таа е вратена во родниот Харкив. Под постојани ракетни напади, го реновира својот дом и се обидува да има, колку што е можно, понормален живот.
Целата сторија на Радио Слободна Европа