Голманот на Севилја, Марко Дмитровиќ, по мечот со ПСВ во Ајндховен, го коментираше инцидентот со еден хулиган на домашниот тим.
Хулиганот во текот на мечот, влезе на теренот, го нападна, го удри, а Дмитровиќ набрзо го собори, го совлада и чекаше обезбедувањето да реагира.
„Малку ми го изгреба носот. Точно е дека сакав да го удрам, не е убаво. Ме турна одзади. Беше лут поради резултатот, малку луд или пијан. Ме турна и го запрев додека не дојде обезбедувањето. Бев бесен, се надевам дека ќе биде казнет. Не сакам да кажам што сакав да му направам, мило ми е што се воздржав. Ако некој ме нападне, ќе се бранам. ПСВ е голем клуб, сигурно ќе го казнат,” изјави Дмитровиќ.
Инаку, Севиља се пласираше во осминафиналето со вкупен резултат 3:2.