Силен земјотрес денеска ја потресе Хрватска, а според првичните информации бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил кај Башчанска Драга на Крк, а подоцна било соопштено дека не бил со јачина од 5,3 туку 4,8 степени според Рихтеровата скала.
По првиот посилниот, имаше неколку последователни потреси.
Се појави и видео кое наводно го прикажува моментот на земјотресот. Станува збор за местото Врбник на Крк, каде што наводно рибар снимал како карпите се уриваат во морето при земјотрес.