Алтернатива реагира на соопштнието на Христијан Мицкоски во кое претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека „Алтернатива ја спаси владата на ДУИ, а сега е на клоци избркана“.

Од Алтернатива му порачаа на Мицкоски да не ја користи партијата во пресметките со СДСМ.

„Апелираме до г. Мицкоски да не ја злоупотребува АлтернативА во дневно-политичките пресметки со СДСМ. Ниту кога влеговме пред 12 месеци, ниту кога излегуваме од Владата, ова не го правиме за да му правиме или да му ја расипеме забавата. Алтернатива не била, не е и нема да биде спасител за ничии злосторства. Ние сме единствената партија која од позиција на учесник во власта предложи уставен механизам за справување со политичката корупција. Добро би било ВМРО ДПМНЕ да го покаже својот став во однос на предлогот на Алтернатива“, стои во соопштението.