Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Струга и Полициската станица за граничен премин Ќафасан денеска на излез од државата ги привеле Х.Ф.(22) и Ч.Е.(22), двајцата од Албанија, по претходно преземени мерки и активности.

-При контрола во патничко возило „шкода”, со албански национални ознаки, биле пронајдени 232 парчиња охридска белвица кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Х.ф. и Ч.Е. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.