Министерот за внатрешните работи Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на Одделот за специјални операции Митко Даневски, се дружеа со децата на семејствата на загинатите припадници на МВР во Пониква, Кочани за време на неколкудневниот одмор на децата во одмаралиштето на министерството, соопшти денеска прес-службата на МВР.

На заедничкиот ручек министерот Спасовски изразил задоволство што дружењето со децата и загинатите припадници на МВР прераснало во традиција на која, како што велат од МВР, имаат можност да се дружат и разговараат за сите актуелни прашања од важност за нив, притоа уште еднаш уверувајќи ги дека во него и раководството на МВР имаат искрени пријатели чие партнерство и пријателство  продолжува и се унапредува преку здружението „Херои на Македонија 2001-2015“.

-Спасовски и денеска потенцираше  пред присутните  дека тој  како министер секогаш  е тука за нив- децата и семејствата на загинатите припадници на МВР и со целосна поддршка во рамки  на законските можности и надлежности позитивно ќе одговори на нивните барања и потреби, се вели во соопштението.