Пред три дена објавивме еден ужасен, тежок податок дека само во пет града во првото полугодие си заминале 700 деца. 700 деца се отпишале од нивните училишта за да заминат во странство  од Прилеп, Куманово, Тетово, Штип и Кочани, вели Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
На прес конференцијата тој меѓудругото изјави:Ако ги погледнеме бројките за цела Македонија со таа тенденција бидејќи цела Македонија се празни, секое село, секој град, Скопје се празни доаѓаме до една ужасна бројка дека само во изминатото полугодие од Македонија си заминале 4000 деца, 4000 ученици се отпишале. Тоа е пораз на владата, тоа се катастрофални бројки. Сите тие 4000 деца имаат 4000 мајки, 4000 татковци, дека има деца кои што се отпишале од градинка, дека има отселени луѓе кои што имаат по 20 години а не засновале семејство доаѓаме до една фрапантна бројка дека во времето на Таче Ковачевски и Стево Пендаровски изминатото полугодие од Македонија си заминале околу 15.000 и 20.000 луѓе, давајќи бројка за иселени во текот на 2022 година од 30.000 до 40.000 луѓе, кои што се млади, кои што се силата на оваа држава кои што се виталност. Еден цел градски стадион полн со луѓе ни се има иселено од Македонија за една година со оваа влада на неразбрани трговци, со овој претседател Пендаровски кој со прст не мрда додека државата се распаѓа, додека Македонија пропаѓа и економски, и демографски и државно.