Манастирот Успение на Пресвета Богородица во село Матејче, еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност во нашата земја, кој е разурнат во воениот конфликт во 2001 година и подолго време е мета на вандализам и кражби, ќе биде заштитен како културно наследство во опасност, рече министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска на денешната прес конференција.

На новинарско прашање од НоваТВ одговори дека во буџетот се предвидени 1,5 милиони денари за заштита на манастирот како приоритет на културно наследство во опасност.

„Она што не е видливо во програмскиот буџет што го изнесовме денеска е тоа дека се предвидени 1, 5 милион денари за мерки за заштита на манастирот во Матејче. Ќе продолжиме и со реконструкција согласно насоките од надлежните институции. Во комуникација сме и со министерството за транспорт и врски кои ќе го санира патот до манастирот. Од општината Липоково ќе добиеме помош да се спречат натамошните кражби“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Превземено од новатв.мк