По кратко боледување, денеска почина основачот и претседател на „КАМ маркет“ Гоце Камчев, соопштија од компанијата.

Тој е роден на 28 април 1945 година во Скопје. Уште од средното училиште се насочува кон економијата, а потоа образованието го продолжува и на Економскиот факултет во Скопје. Подоцна завршува и постдипломски студии од областа на економскиот развој.

Тој ќе биде погребан в недела, на 5 февруари 2023 година. Неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капела во 12 часот, додека погребот ќе се одржи во 14 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.