Францускиот интернационалец Пол Погба го чека враќањето на терените, а се чини дека на навивачите и на стручниот штаб на Јувентус им се смачи од неговите повреди. Сите стравуваат и дали воопшто ќе го видат стариот фудбалер кој брилјираше кога минатиот пат го носеше дресот на овој клуб. Повредата на коленото го оддалечи долго време надвор од терените, а се чини дека навивачите на Манчестер Јунајтед се радуваа кога слушнаа дека си заминува.
Јувентус има огромни проблеми и веќе размислува за раскин на договорот со Погба. Раскинување на договорот би можело да следи доколку Јувентус не најде купувач, што исто така е реалност, бидејќи никој не сака играч кој е долго повреден, а мора да го плаќа многу на годишно ниво. Актуелниот договор на Пол Погба истекува во 2026 година./Makfudbal/