Во текот на 4-та недела од 2023 година (23-29.01.2023), во Македонија се пријавени 874 случаи на заболени од грип/ заболувања слични на грип, за 23,0% помалку во споредба со претходната недела, информираат до Институтот за јавно здравје.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 4-та недела од минатата сезона е зголемен 3,5 пати.

Во текот на 4-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 226 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19.

Пријавената инциденца е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, четврта недела со ред, односно надминат е прагот на епидемиолошки влез во сезоната на грип.

Во однос на возрасната дистрибуција, 525 лица се на возраст од 15-64 години, 131 кај лица на возраст над 65 години, 110 се регистрирани кај деца на возраст од 5-14 години и 108 кај деца на возраст од 0-4 години.

Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0- 4 години. Заболените се најмногу од Струмица – 197, а во останатите, бројот на пријавени е помал од 10.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.