Лидерот на Алијанса за Албанците пред влегувањето во зградата на Владата за најавената средба со премиерот Димитар Ковачевски, а во контекст на преговорите за влез во Влада, изјави дека доколку ги синхронизираат програмите, тогаш може да се оди на следниот чекор, односно разговори за кадровските решенија.

Таравари изјави дека за нив е најважен пакетот за борба против корупцијата и функционирањето на правната држава. За останатите точки како што вели е некоректно да зборува пред новинарите, додека не ги презентира пред партиите од власта.