Кастриот Реџепи кој не се појави на собраниската седница кога требаше да се соберат 61 пратеник за рушење на оваа Влада и практично ја спаси сегашната коалиција, сега вели дека не гледа причина зошто Алијанса за Албанците да биде дел од Владата.

-Нема логика. Да не испадне сакајќи да го зголемиме мнозинството, да го изгубиме сегашното мнозинство. Затоа што не знам и не сум сигурен како ќе гласаат другите пратеници од мнозинството“, изјави Реџепи во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21.

Тој вели дека не е оптимист дека може да се соберат потребните 80 пратеници за гласање на уставните измени.