Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ призна дека произвела варијанти на коронавирусот отпорни на третман за да го тестира својот антивирусен лек.
Во соопштението што го објавија на својата веб-страница, компанијата „Фајзер“ наведува дека не спровеле истражување за „добивање на функција“ – практика во која научниците го зголемуваат потенцијалот на вирусите.
Сепак, фармацевтскиот гигант призна дека ги комбинирал „спајк протеините“ на новите варијанти на вирусот со оригиналниот вид на Ковид за да тестира вакцини, но исто така создал мутации на вирусот за да го тестира Паксловид, антивирусен лек против Ковид-19.
Во ограничен број случаи, таков вирус може да се конструира за да се овозможи проценка на антивирусната активност во клетките, велат од компанијата, истакнувајќи дека процесот бил спроведен во безбедна лабораторија.
Тие додаваат дека имале за цел да создадат „отпорни соеви на вирусот“.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.