Радиосигнал оддалечен 9 милијарди светлосни години од планетата Земја снимен е на досега најквалитетна снимка, соопшти Space.com. Сигналот е детектиран со единствена бранова должина позната како „линија од 21 сантиметар“ или „водородна линија“, која наводно ја емитуваат неутралните атоми на водород.
Сигналот го забележа радиотелескопот Giant Metrewave во Индија и тоа може да значи дека научниците можат да почнат да истражуваат формирање на некои од најраните галаксии и ѕвезди.
Галаксиите, наводно, емитуваат светлина во широк опсег на радиобранови должини. До неодамна радиобрановите со должина од 21 см беа снимани само од блиски галаксии.
„Галаксиите емитувааѕ разни видови на радиобранови. Се досега беше возможно да се снима само од блиски галаксии, со тоа ограничувајќи го нашето знаење на галаксиите поблиски до Земјата“ додаваат научниците.