Потрошувачката на доволна количина на вода е неопходна за опстанок на сите суштества. Експертите препорачуваат да се пијат најмалку осум чаши вода дневно, а понекогаш се води дебата за тоа дали е подобро да се пие ладна вода или вода на собна температура, пишува Cookist. Се смета дека студената вода има температура помеѓу 0 и 3 Целзиусови степени. Што се однесува до водата со собна температура, таа обично се движи помеѓу 20 и 25 степени Целзиусови.
Не постои голема или научно докажана предност во изборот на вода на собна температура, но поради некоја причина во многу култури се смета дека е добро понекогаш да се пие топла вода.
„Единственото нешто што е научно докажано, што се однесува до температурата на водата, е дека студената вода ги стеснува артериите и може да не се апсорбира исто така, додека топлата вода ги шири артериите“, објаснуваат експертите.
На пример, ајурведската медицина предлага пиење топла вода, особено наутро и на празен стомак, бидејќи се верува дека е добра за дигестивниот тракт. Се разбира, понекогаш на нашето тело му е потребна ладна вода, на пример, во топлите летни денови. Експертите советуваат и да се испие чаша топла вода час или два пред оброкот.
Кога да пиете ладна вода?
Во една студија објавена во списанието на Меѓународното друштво за спортска исхрана, спортистите кои пиеле ладна вода после тренинг имале во просек пониска телесна температура и можеле да го одложат порастот на температурата за време на вежбањето.
Доколку планирате да трчате во топлите летни денови, тогаш студената вода е подобар избор, велат експертите.
Без разлика на вашата желба – ладна или вода на собна температура – важно е редовно и секојдневно да пиете вода, а што се однесува до нејзината температура, изберете која ќе ве поттикне повторно да ја пиете.