Новата руска воена реформа е одговор на можноста за проширување на НАТО и „колективниот Запад“ да ја искористат Украина во хибридна војна против Русија, изјави во своето прво јавно обраќање новоименуваниот началник на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов. Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри воената реформа во средината на јануари и таа може да се прилагоди за да одговори на заканите за руската безбедност, изјави Герасимов за порталот Аргументи и Факти, пишува Ројтерс.