Вирусoт кракен, иако е позаразен, не предизвикува потешки симптоми. Короната е вирус кој постојано мутира и ќе се јавуваат нови соеви во обид да опстане, но наспроти тоа, со пандемијата е завршено, напиша на својот фејсбук-профил епидемиологот д-р Драган Даниловски по вчерашната информација дека во Гевгелија е изолирана подваријантата на омикрон, XBB.1.5, популарно наречена кракен.

Даниловски смирува и вели дека нема причини за никаква загриженост затоа што се работи за високо заразен вирус, но со поблаги симптоми.
Состојбата е слична како кога ќе фатиме грип или кога ќе настинеме. Кај стари лица со хронични болести, односно ослабен имунитет, постои ризик да завршат во болница. Исто како кај досегашните соеви на омикрон. Еволуцијата на короната неизбежно ќе се движи во насока на јавување на соеви, кои се позаразни од претходните, но кои истовремено ќе предизвикуваат поблаги симптоми. Сведоци сме дека тоа се остварува.
Апелирам до граѓаните да си останат спокојни, да си продолжат без страв со секојдневниот живот.
Единствено останува препораката, тие што ќе пројават симптоми (кашлање, кивање, растечен нос), да се придржуваат до т.н. респираторен бонтон. Тоа подразбира да си стават маска кога се движат меѓу луѓе во затворен простор (особено во автобуси), а ако имаат покачена температура, да си останат дома.
Исто така, мудро би било, постарите граѓани со хронични болести и други со компромитиран имунитет да одлучат да се вакцинираат и против корона и против грип. Зашто, во ек е сезоната и на грипот. И толку“, препорачива д-р Даниловски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.