Официјални претставници на Европската унија (ЕУ) ѝ се заканија на социјалната мрежа ТикТок со далекусежни санкции за дозволување ширење на штетна содржина. Европската комисија (ЕК) во четвртокот, 19 јануари, го предупреди извршниот директор на ТикТок дека компанијата мора веднаш да почне да се придржува до правилата на ЕУ или ќе се соочи со санкции.
„Не е прифатливо дека зад навидум забавните и безопасни функции, корисниците можат да пристапат до штетна, а понекогаш дури и опасна по живот содржина за само неколку секунди“, рече комесарот на Комисијата, Тиери Бретон.
Тој додаде дека е загрижен и поради тврдењата дека се шпионираат новинари и дека личните податоци се испраќаат надвор од Европа.
ТикТок се соочи со голем број проблеми, главно поврзани со безбедноста и заштитата на неговите многубројни малолетни корисници.