На Волстрит цените на акциите паднаа трет ден по ред, бидејќи инвеститорите стравуваат дека американската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки на повисоки нивоа од очекуваното, a пазарот на трудот останува силен.
Индексите се најдоа под притисок откако новите податоци покажаа дека американскиот пазар на труд останува силен. Имено, минатата недела бројот на барања за помош за невработени беше помал од очекуваното.
И додека ФЕД се обидува да ја ослабне побарувачката за работна сила и цената на трудот, меѓу другото, овие податоци значат дека централната банка би можела да ги зголеми каматните стапки на повисоки нивоа од очекуваното.
За да се спречи инфлацијата се споменува големо зголемување на клучните каматни стапки.
Во првите две недели од оваа година цените на акциите значително пораснаа бидејќи инфлациските притисоци во САД донекаде се намалија, а преовладуваа шпекулациите дека ФЕД би можел да биде помалку агресивен во затегнување на монетарната политика во иднина.
Но, повеќето лидери на ФЕД овие денови велат дека ќе треба да ги зголемат клучните каматни стапки над нивото од 5 отсто за да ја ограничат инфлацијата.
Тоа би било повисоко ниво отколку што очекуваат трговците, со оглед на проценките на пазарот на пари дека конечната каматна стапка, на која ФЕД би го запрела циклусот на покачување, би можела да биде 4,89 отсто.