Ако планиравте оваа зима да посетите некоја од дестинациите низ земјава или во странство, многу е важно да се подготвите на вистински начин. Кога ќе застуди и кога снежната прекривка ќе ги покрие патиштата, почнуваат да важат други правила за управување на возилата. Возењето во текот на зимата подразбира сосема поинакво однесување на патот, а кога станува збор за зимско патување, планирањето игра голема улога. Мора да знаете какво време ве очекува за да можете адекватно да се подготвите за патувањето. Задолжително видете неколку временски прогнози за локацијата што сакате да ја посетите, а благодарејќи на интернетот и на константниот напредок на технологијата, овие прогнози се сѐ поточни. Не треба премногу да се потпирате на нив, но секако ќе ви дадат добра претстава за тоа што можете да го очекувате.
Без оглед на тоа како ви е опремено возилото, со цел возењето зиме да биде што е можно побезбедно, мора да носите и сопствена неопходна опрема за зимски услови.
1. Неопходна опрема и алат
Кога тргнувате на пат задолжително мора да го носите следново: барем две наполнети запалки, батериска ламба во која се наоѓаат полни батерии, топла облека, ќебиња, продолжни кабли за акумулатор, кантичка со 3 до 5 литри гориво, 1 литар дестилирана вода, сајла или јаже за влечење, синџири за тркалата, течност за миење на ветробранското стакло, комплет резервни светилки за фарови, стругач на мраз, парче гумено црево, коноп, жица, изолир-лента, неколку свеќи, неколку крпи, лопатка, метличка, а ако очекувате возење по мраз, не е на одмет да носите и поголема ќеса со покрупен песок.
2. Кутија за прва помош
Кутијата за прва помош е нешто што секогаш би требало да се наоѓа во вашиот автомобил. Колку и да се надевате дека нема да ви треба, ќе се чувствувате посигурно ако ја спакувате. Проверете и дали сте ги зеле основните лекови или некои што ги користите редовно.
3. Полнач за телефон
Верувале или не, се работи за една од оние работи што луѓето најчесто ја забораваат дома, а е неизмерно потребна. Употребата на камерата и апликациите за социјалните мрежи ја трошат батеријата побрзо отколку што може да замислите. Power Bank, односно екстерниот полнач е најдобра опција за патување со автобус.
4. Зелен картон
Зелениот картон претставува територијално проширување на полисата за осигурување од автоодговорност во сите европски земји кои се членки на Системот на зелена карта. Овој тип осигурување ја покрива штетата на трети лица и нивниот имот од последиците на сообраќајна незгода и е задолжителен за сите типови возила што излегуваат од територијата на Македонија. Зелената карта за сите типови возила е годишна, а само кај патничките возила е возможно издавање зелен картон со времетраење и од еден месец. Листата на земјите членки на Системот на зелена карта е наведена на самата зелена карта.
Зелениот картон е еден вид гаранција дека има кој да ја покрие штетата што би можеле да ја направите во странство – со своето возило и по своја вина. Ве осигурува и доколку претрпите штета при своето патување во странство по вина на државјанин на матичната земја, односно неговата компанија ќе ја сноси одговорноста.
5. Патничко осигурување
Една од работите што не смеете да ја заборавите е и патничкото осигурување, кое ќе ви го направи зимскиот одмор навистина безгрижен и сигурен. Полисата за патничко осигурување на Кроација осигурување овозможува заштита и сигурност во текот на привремениот престој во странство и гарантира покривање на евентуални трошоци во случај на неопходна медицинска помош поради болест или незгода. Постојат различни нивоа и видови на покритија кај патничкото осигурување и треба да се избере она што најмногу одговара за конкретното патување.
Кроација осигурување за време на зимскиот период нуди посебен вид патничко осигурување – Blue Travel. Кај овој вид патничко осигурување постојат три пакета креирани во согласност со различните потреби на клиентите. Пакетите Blue Travel вклучуваат осигурително покритие за ковид-19 до 10 000 евра со можност за територијално покритие за Европа или целиот свет. Ова значи покритие за неопходни прегледи и тестирање во случај на симптоми на ковид-19, но и трошоци за болничко и вонболничко лекување, како и репатријација при дијагностицирана болест.
Сите пакети од понудата Blue Travel, како и стандардните полиси за патничко осигурување, чија цена почнува од 1 евро, може да се купат брзо и едноставно онлајн преку moja.croatia.mk или во која било филијала на Кроација. На клиентите 24/7 им стои на располагање и Асистентски центар за помош и информации за здравствените протоколи во земјата на престојот.