Истражувачи од Универзитетот Харвард посочуваат четири шеми на здрава исхрана коишто можат да помогнат во намалување на ризикот од прерана смрт до 20 отсто.
Новото истражување објавено во медицинското списание „JAMA“ ја испитува врската меѓу диетите и прераната смрт од оваа болест кај Американците. Д-р Френк Ху, професор и претседател на Одделот за исхрана на Харвард, изјави рече дека нивните наоди за здравствените ефекти од Упатствата за исхрана на САД се најопсежни досега.
Од клучно значење е да се испита поврзаноста меѓу моделите на исхрана препорачани од ДГА (американското Здружение за здравствено и пензиско осигурување, б.п.) и долгорочните здравствени резултати, особено смртноста, вели Ху.
Тимот на Ху анализирал четири здрави начини на исхрана – од коишто сите вклучуваат и нагласуваат цели зрна, овошје, зеленчук, јаткасти плодови и мешунки…
Испитувањата ги следеле 75.000 жени и 44.000 мажи испитаници. Тие биле оценети според тоа колку внимателно го следат секој утврден начин на исхрана, со помош на прашалник што се спроведувал на секои четири години. Никој не бил дијагностициран со кардиоваскуларни болести во времето кога ја започнале студијата, а малкумина биле пушачи.
Учесниците кои ја промениле исхраната за да ја направат 25 отсто поздрава – интегрирајќи само еден од плановите за здрава исхрана, потенцијално би можеле да ја намалат опасноста од смрт од рак за 7 – 18 насто, од кардиоваскуларни болести за 6 – 13 насто, од заболувања на дишните патишта за 35 – 46 отсто и од невродегенеративните болести за седум насто.
Тоа значи дека имаме голема флексибилност во однос на создавањето наши сопствени начини на здрава исхрана што може да се прилагодат на личните вкусови за храна, здравствени услови и култури, појасни Ху.
Медитеранската диета – прогласена за најдобра диета во 2023 година од страна на „Ју-ес њуз енд ворлд репорт“ (US News & World Report) шеста година по ред, ја нагласува важноста на квалитетни извори и „полноста на вашата чинија“ со интегрална храна и житарки со хранливи материи. Нагласката тука е кај свежо произведени посни протеини, како што се риба и пилешко, и, се разбира, маслиново масло богато со антиоксиданси.
Здравата растителна исхрана – е слична на медитеранската, со тоа што се сосредоточува на растителната основа, а и ги отстранува животинските производи, вклучително и сирењето. За истражувачите на Харвард, исто така, позитивно е и помалото консумирање алкохол, како и „понездравата“ храна на растителна основа, како што е пржениот зеленчук.
Диететски упатства за Американците – метрика создадена од министерствата за здравство и за земјоделство во САД, заради мерење на квалитетот на исхраната. Овој систем препорачува повеќе растителна храна, помалку масни животински протеини и млечни производи, како и уште помалку црвено и преработено месо, шеќер, нездрави масти и алкохол.
Индекс на алтернативна здрава исхрана – тој е развиен од истражувачите од Харвард за ова истражување. Ги вклучува речиси истите намирници и хранливи материи поврзани со низок ризик од хронични болести
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.