ДЕФИНИТИВНО сте налетале на некој кој мисли дека е подобар од вас. Овие луѓе го омаловажуваат вашиот стил на облекување или вкус при изборот на музика и филмови затоа што мислат дека знаат што е подобро и поквалитетно. Веројатно ве гледаат со презир, а нивниот горделив и елитистички став ги нервира сите околу нив. Астролозите наведуваат дека ова се најпретенциозните хороскопски знаци.

Јарец

Јарецот е најпретенциозниот знак на Зодијакот. Овие луѓе веруваат дека го заслужуваат најдоброто затоа што работат напорно за да го добијат. Не можат да си помогнат што имаат одличен вкус и не се задоволуваат со просечност. Не се расипнички, но кога ќе купат нешто ќе се потрудат да го направат квалитетно и луксузно. Ништо помалку од тоа не им е опција, па со презир гледаат на луѓето кои немаат такви стандарди.

Амнион

Можеби ќе се изненадите што слободоумната Водолија се најде на оваа листа, но нивниот хипстерски став често може да ги наведе да станат претенциозни интелектуални снобови. Отворено ќе плукаат по музиката, филмовите и сериите што ви се допаѓаат бидејќи се премногу комерцијални, а ако им кажете дека сакате да гледате реални шоуа, ќе здивнат во шок.

Вага

Вагите се познати по својот шарм, но имаат и некои особини кои ги прават претенциозни. Тие можат да бидат суетни, површни и да се вртат со ветрот. Тие често стануваат опседнати со формата и имиџот и потоа со презир гледаат на луѓето кои го немаат истиот извонреден вкус за уметност, култура, мода или храна како тие.