ТИРЗ Тетово склучиле договор за јавно-приватно партнерство, кој ќе трае 61 година повеќе од  дозволеното. По 10 години, државниот Завод за ревизија (ДЗР), конечно, направи контрола на работењето на Технолошко индустриските развојни зони, објави Телма.

Во извештајот на ревизорот се наведува дека ТИРЗ Тетово наместо на 35, договорот со приватниот партнер го склучиле на 96 години.

„Врз основа на Одлука од Владата на РСМ со ЈПП основана е ТИРЗ Тетово, при што договорот за ЈПП со приватниот партнер е склучен на 96 години, иако со законската регулатива е определено максималниот период да изнесува 35 години, сметано од денот на склучување на договорот. Дирекцијата во ТИРЗ Тетово има распоредено 7 лица, при што истите немаат работни обврски и не извршуваат активности поврзани со реализација на договорот за ЈПП, ниту се членови во наведената стручна единица , чија задача е да врши надзор и да помага во обезбедувањето на успешна имплементација на проектот. Овие состојби влијаат на законитоста и регуларноста на склучувањето на договорот за ЈПП и следење на неговата реализација“, се вели во ревизорскиот извештај, пренесува Телма.

Целата вест на Телма