По Божиќ и Нова Година, вашиот режим на спиење веројатно е нарушен. Кога останувате будни до доцна навечер со дневна релаксација, премногу храна, а за некои, повеќе алкохол од вообичаеното, тоа може да има придружен ефект.
Иако најочигледниот симптом е чувството на замор во текот на денот, недостатокот на сон може да има огромно влијание на вашата краткорочна меморија, концентрација и расположение, како и на вашето долгорочно здравје, пренесува „Мирор“.
Ако сакате да формирате нови навики и да се фокусирате на добар сон, следете неколку едноставни чекори кои можат да ве воведат во добра рутина.
Исклучете сè пред спиење
Сината светлина од екраните има негативен ефект врз вашиот деноноќен ритам и производството на мелатонин, што може да го наруши вашиот циклус на спиење. Најдобро е да престанете да користите телефони и слично најмалку еден час пред спиење, вклучително и компјутери и телевизор.
Ако се будите ноќе, не го проверувајте времето
Гледањето на времето на телефонот ќе ве натера потсвесно да пресметате колку часа треба да бидете будни, што ќе ве направи поанксиозни и ќе ве држи подолго будни. Едноставно затворете ги очите и дишете полека. Потоа фокусирајте се на вашето лице и размислете за опуштање на секој мускул во лицето. По триесет секунди до една минута, движете се кон вратот и сторете го истото триесет секунди. Потоа рамената, па рацете.
Станете во исто време секој ден – дури и за време на викендите
Еден од најлесните начини да се осигурате дека спиете доволно ноќе е да поставите аларм секое утро и да се придржувате до тоа време. Ако се разбудите рано еден ден, а следниот спиете доцна, може да биде тешко да се вратите во вашата рутина за спиење.
Во текот на денот пијте најмалку литар вода
Останувањето хидрирано не само што ја зголемува енергијата, туку и влијае на вашиот метаболизам. Дури и блага дехидрација може да направи да се чувствувате поспани и уморни.
Вежбајте 30 минути за да ги стимулирате сите добри хемикалии во мозокот
Вежбањето помага да се стимулираат мозочните хемикалии како ендорфин и серотонин кои влијаат на релаксација и ви помагаат да заспиете побрзо.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.