Иако новата година обично значи нови почетоци, со две ретроградни планети во полн замав (Марс, планета на акција, ретроградна до 12 јануари и Меркур, планета на комуникацијата, ретроградна до 18 јануари) ќе биде тешко да се реализираат повеќето планови и одлука.
Покрај сето ова, емоциите ќе бидат на врвот благодарение на првата полна месечина во годината, која ќе се движи низ чувствителниот Рак.
Полната месечина ќе се случи ноќта меѓу 6 и 7 јануари, што може да понуди вредни сознанија за вашиот внатрешен живот и семејните односи. Полната месечина секогаш претставува можност да ги завршите започнатите проекти, а со оглед на тоа дека е во Рак, добро би било да се усогласите со вашата интуиција и да се фокусирате на вашите емотивни потреби, но и на односите со саканите. Тоа најмногу ќе влијае на овие четири знаци.
Овен
Размислете како семејната динамика ги обликува вашите моментални цели. Посветете се на решавање на конфликти и сомнежи поврзани со домот и семејството. Иако ќе ви изгледа тешко, не се откажувајте. Проблемите во вашите интимни односи не се несовладливи и можете да ги надминете, по што ќе доживеете емотивно исполнување.
Рак
Со оглед на тоа што полната месечина ќе биде во вашиот знак, вашите емоции ќе бидат поинтензивни од вообичаено, а вашата првична реакција може да биде да се скриете во вашата школка. Кога ќе бидете подготвени, отворете му се на саканата личност. Ќе имате корист од нејзината поддршка и разбирање. Јануари може да биде важен за вас бидејќи конечно ќе разберете како се вклопувате во овој свет.
Вага
Бидејќи оваа Месечина паѓа во вашата куќа за кариера, балансирањето на работата и приватниот живот ќе дојде до израз. Размислете што треба да направите за да се осигурате дека ниту еден аспект од вашиот живот не страда. Ако успеете во ова, тоа ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ви го врати оптимизмот.
Јарец
Почетокот на годината е вистинско време да се откажете од лошите навики и да работите на подобрување на интимните односи. Со полна месечина во вашиот дом на партнерство, ќе мора да се справите со прашања кои ве оддалечуваат од партнерот, семејството и пријателите. Преземете го вашиот дел од одговорноста за ситуацијата и започнете со процесот на лекување.