Објава на Твитер, којашто покажува како луѓето во нивните 40-ти биле прикажани во филмовите од 1990-тите, стана предмет на дискусија, заедно со фотографии што покажуваат остар контраст со денешните стандарди за убавина и возраст.
Со споредба меѓу делата што ја одбележаа кинематографијата од 90-тите и денешните филмови, на многумина им е јасно дека старосните граници се доста „поместени“, но и дека начинот на нивното прикажување е сосем поинаков од порано. Џенифер Лопез, Џенифер Анистон, Софија Вергара, Пенелопе Круз, Анџелина Џоли се дел од глумиците кои имаат над 40 години, но сепак пленат со својот младешки изглед. Меѓутоа, жените на нивна возраст беа прикажани многу поинаку во филмовите на крајот на 20 век.
Режисерката Џесика Елис на својот Твитер профил сподели слика од филмот „Татко на невестата 2“… Во него, Стив Мартин и Дајан Китон кои се претставени како 45-годишници.
„Неверојатното нешто што се промени во 30 години е тоа што во 1995 година вака требаше да изгледа еден 45-годишник“, напиша Елис покрај клипот.
И, додека некои тврдеа дека нивниот постар изглед е одраз на стилот на облекување во тоа време, други се согласија дека луѓето во нивните 40-ти се прикажувале како стари.
Сирена Бергман, уредник за дигитална култура на „Инсајдер“, вели: „Дефинитивно има нешто суперчудно во тоа како телевизијата и филмовите прикажуваа луѓе со над 25 години во 90-тите, што ја попречува мојата способност да проценам како се однесуваат и како изгледаат луѓето на одредена возраст“.
Заради споредба, се посочија серијата „Добрата медицинска сестра“ во којашто Џесика Честејн (со над 40 години) изгледа прилично помладо, како и филмот „Веном“ каде што главната улога ја толкува Том Харди кој има 45 години и е претставен како помлад човек.