Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го посети првороденото бебе во Новата година на кое му додели штедна книшка со 20 илјади денари и пригодни подароци.

Првото бебе во Новата година се роди една минута по полноќ и тоа е прво дете на 22-годишната Стојанка Панајотова од кочанското село Соколарци.

– За родилката Стојанка Панајотова, Ване е прво дете. На Стојанка и нејзиното семејство Град Скопје им посакува здравје, спокој, среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите, се наведува во соопштението од Град Скопје.